сабота, 27 април 2024

Синер против Медведев во полуфинале на турнирот во Мајами

Јаник Синер и Данил Медведев ќе се сретнат во првото полуфинале на турнирот во Мајами откако двајцата во два сета ги победија своите противници.

Објавено на

часот

Сподели

Синер игра во голема форма веќе подолго време, константноста ја продолжува и на турнирот во Мајами. Тој лесно ја оправда фаворитската улога против Махач.

Првиот сет го доби со 6-4, а во вториот беше поубедлив, славеше со 6-2 за победа од 2-0 во сетови.

Данил Медведев во два сета го победи Николас Јари. Русинот тргна убедливо, го доби првиот сет со 6-2 со два освоени брејка. Во вториот сет имаше голема борба, двата тенисери беа одлични на свој сервис, па тајбрејкот одлучуваше, него го доби рускиот тенисер со 9-7 и ја завери победата од 2-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ