петок, 18 октомври 2024

Синер и Тиафо ќе играат во финалето на турнирот во Синсинати

Синер со 2-1 во сетови ја доби битката со Зверев, а во три сета заврши и мечот меѓу Тиафо и Руне кој му припадна на Американецот.

Објавено на

часот

Сподели

Јаник Синер и Александер Зверев водеа голема борба од почетокот па до крајот на мечот. Италијанецот го доби првиот сет по тајбрејк со 11-9.

Зверев изедначи добивајќи го вториот сет со 7-5. Во третиот решавачки сет се играше тајбрејк кој повторно му припадна на италијанскиот тенисер, овојпат со 7-4.

Руне со водство од 1-0 го стартуваше мечот против Тиафо, го доби првиот сет со 6-4.

Во вториот сет Тиафо беше подобар со 6-1, а во третиот решавачки сет се играше тајбрејк кој му припадна на Американецот со 7-4.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ