Италијанецот е број еден во светот на АТП листата и таквиот статус го оправда и денеска со моќна партија над Зверев.
Синер го доби првиот сет со 6-3. Најголема неизвесност имаше во вториот сет кој се играше во тајбрек, Италијанецот го доби со 7-4.
Третиот сет беше сличен на првиот, Синер го доби со 6-3 и можеше да почне радоста за големата победа.
Ова е трета грен-слем титула за 23-годишниот Италијанец, втора на Австралија опен.