сабота, 27 јули 2024

Синдикатот на научните установи бара нов колективен договор, повисоки плати, научен подмладок

Објавено на

часот

Сподели

Од Синдикатот информираа дека по барање на членството, а поради последното зголемување на минималната плата, се одржала работна средба на која било заклучено дека синдикатот бара потпишување на нов Колективен договор за научно истражување и развој на јавните научни установи со министерот за образование и наука, во кој на системски начин ќе се реши усогласувањето на платите со порастот на животните трошоци. Актуелниот Колективен договор тоа прашање не го регулира на соодветен начин и во овие научни установи платата не е покачена од 2019 година. Заради работни обврски надвор од државава, министерот г. Јетон Шакири не присуствуваше на средбата, но испрати свои претставнички Нуран Кадриу Џамбази, државен советник за образовни политики и Катерина Стефковска, соработник за планирање и финансирање на дејноста во науката.

Оттаму бараат и усогласување на платите еднаш годишно со одреден процент од просечната исплатена месечна бруто плата по вработен. Синдикатот предлага тој процент да биде 60,2 што практично значи висината на основниот коефициент 1 да биде на ниво на минималната плата.

„Така ќе се избегне состојбата која денес е присутна, поради доплатата за платите со средно образование до минимална плата, да се нарушува соодносот со платите за високо образование и следствено на тоа соодносот со платите со највисоките академски звања (магистри и доктори на науки), обезбедување на континуирано финансирање на научноистражувачки проекти како основна дејност на јавните научни установи и децентрализација на финансирањето од МОН.  информираа дека предлогот на Синдикатот се разгледува, но дека решението се бара со донесувањето на Општиот колективен договор за јавниот сектор. Синдикатот на јавните научни институти бара покачување на платата од мај 2023, истовремено со покачувањето на платите на факултетите и институтите при универзитетите, особено што најголемиот дел од јавните научни установи се придружни членки на УКИМ и двата закони – Законот за високото образование и Законот за научно-истражувачката дејност предвидуваат еквиваленција на научните со наставно-научните звања. Барањето на Синдикатот е во Колективниот договор за јавните научни установи, основната вредност на коефициентот да се изрази како процент од просечната бруто плата, на ист начин како што тоа е предвидено во Колективниот договор за високо образование и наука на СОНК“, велат ССЈНУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ