сабота, 27 јули 2024

Синдикатот на МАНУ: Зошто пратениците Албанци гласаа против вработените во МАНУ?

МАНУ сè повеќе тоне како Титаник во морето на инертност, обезличеност и бесперспективност, наместо да биде прва флота во општествената регата. Бурата не стивнува, напротив ветриштата дуваат сè посилно, се вели во реакцијата на Синдикалната организација на МАНУ откако во Собранието на Македонија не поминаа измените во Законот за МАНУ за зголемување на платите на вработените.

Објавено на

часот

Сподели

„Зошто раководните структури на МАНУ не побараа помош и поддршка од очигледно помоќната група академици со албанска етничка припадност и од народните избраници од албанскиот блок? Зошто немаа доволно капацитет да креираат стратегија за решавање на прашањето за усогласување на платите на вработените во МАНУ со платите на вработените во сите јавни високообразовни и научноистражувачки установи во земјата? Последните законски измени (во 2009 и во 2012 година) се носени според Бадентер. Вработените останаа на ветромет, а МАНУ надвор од системот. Зошто молчат академиците со албанска етничка припадност, зар тие не се дел од МАНУ? Која е заднината поради која пратениците од албанскиот блок, како избраници во народното собрание, гласаа против вработените во МАНУ?

Зошто се злоупотребува организациската поставеност во МАНУ во која академиците, со статус на невработени лица во институцијата кои, и покрај постојните приходи, примаат и академска награда, месечно и доживотно, како општествено признание, а не плата како егзистенцијален приход, наместо да ја играат очекуваната општествена улога, парадоксално, се наметнуваат како несоборливи моќници поигрувајќи си со судбината на дискриминираната категорија вработени во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ и игнорирајќи го нивниот глас, иако нивната егзистенција зависи токму од оваа институција, а со цел да се задоволат нечии политички и други интереси?

Дали МАНУ прераснува во приватна фирма чии стопани, под превезот на декларирањето за критериумите за стручност и компетентност, свесно го блокираа предлог-законот за МАНУ за да продолжи препознатливата селекција според некои измислени критериуми за избор на пулените на моќниците на кои им се овозможува да уживаат нелегитимни привилегии и права според критериумот за заемна услужност“, се вели во писмото на Синдикалната организација при МАНУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ