Пријавените во својство на службени лица т.е.„избрани или именувани функционери во Владата на РМ“ (сп. чл. 122, ст. 4, ал. 1 од КЗ), во текот на 2022 година незаконито и несовесно во вршење на своите овластувања и должности преземале дејства што се состојат од повреди на законските прописи, злоупотребувајќи ги притоа дискрециските овластувања, кога со вршење на формална и материјална злоупотреба со пропуштање на должниот надзор несовесно му нанеле штети материјални и нематеријални на работник во МВР (полициски службеник), член на СМП, се вели во пријавата.
Тие тврдат дека фактичката ситуација од незаконско постапување била констатирана и од страна Државниот инспекторат за труд, по извршен вонреден инспекциски надзор инициран од страна на сега оштетениот работник, а кој врз основа на член 83 став 1 од Законот за инспекциски надзор на работодавачот му донесол и врачил решение со „инспекциска мерка опомена ИП1 09-656 – да донесе акт со кој ќе го поништи решението бр.22.6.1.1-26817/1 од 16.02.2022 година во рок од осум дена од денот на приемот на решението”, а по кое истиот не постапил, ставајќи се притоа над законските прописи.
„Второпријавената како претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, постапувајќи неправилно и неетички во вршење на должноста спротивно на нормите на професионална етика на службените лица, надминувајќи го степенот на обична невнимателсност, заборавеност и неуредност, непостапувајќи во согласност со должноста за надзор, повредувајќи го Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен (Сл. Весник на Р. Македонија, бр.51 од 13.04.2011 година), постапила спротивно на член 7 од истиот закон, вршејќи формална и материјална злоупотреба на законските прописи во корист на друг (првопријавениот) за прикривање на незаконското и несовесно постапување кое претставува кривично дело, а на штета на работникот и сега на Буџетот на РСМ, истата влијаела и наместила исход со донесување на решение бр.0901-96 од 19.05.2022 година, со кое жалбата на работникот, ја одбила како неоснована“, велат од СМП.