сабота, 27 јули 2024

Синдикатот на контролорите на летање: Штрајк од среда ако дотогаш не се разрешат директорите на М-НАВ

Aкo директорите на Македонската навигација (М-НАВ) не поднесат оставки или Владата не ги разреши на првата наредна седница закажа за вторник (9 јануари) Струковиот синдикат на контролорите на летање од следниот ден – среда ќе стапи во штрајк со затворање на воздушниот простор.

Објавено на

часот

Сподели

За вчерашниот настан и понатамошните активности, синдикатот веќе ги известил сите меѓународни воздухопловни институци, синдикати и здруженија на контролори на летање од Европа. Очекуваат нивни преставници наскоро да пристигнат како дополнителна помош и поддршка, информира Александар Тасевски, претседателот на Струковиот синдикат на контролорите на летање по вонредниот состанок одржан доцна синоќа

Вонредниот состанок на синдикатот уследи откако вчера ескалираа случувањата во Македонската навигација, по упадот на неколку лица, кои заедно со вработен во М-НАВ нападнаа вработени во институцијата.

„Ја известам македонска јавност и медиумите, дека доцна синоќа беше одржан вонреден состанок на членството на ССКЛ каде најостро го осудивме нападот врз нашиот колега и го потврдивме ставот дека нападот врз него е напад и врз секој еден од нас“, вели Тасевски во објавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ