сабота, 27 јули 2024

Синдикатот на контролорите на летање се сретнаа со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски и  членот на синдикалниот одбор Горан Гавровски. На средбата, шефот на државата ги поддржал заложбите на Синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на Македонска навигација (М-НАВ).

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Пендаровски, како што информира неговиот Кабинет, уште еднаш го осудил насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории. Воедно повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок, имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.

Пендаровски на средбата го реафирмирал ставот дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите.

Владата денеска треба да одлучи дали ќе го разреши целото раководство на М-НАВ и дали ќе спроведе ревизија за досегашното работење. Минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, упаднаа во канцелариите на Македонска навигација на аеродромот во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ