сабота, 27 јули 2024

Синдикатот на Еуроникел бара од директорот да не ја затвори фабриката

Синдикатот на Еуроникел индустри со допис до директорот Димитрис Пасос и бордот на ГСОЛ, бара продолжување на производството во фабриката во Кавадарци и бара на работниците да им се исплатат платите. 

Објавено на

часот

Сподели

„Дојде крајот на месец октомври, а нас платата за септември уште не ни е исплатена. Сите овие месеци ни ветувавте дека работите ќе одат кон подобро, дека ќе расте производството и ќе пораснат и платите и ние ви верувавме, се вели во дописот.

Наесто тоа работите се катастрофални, печката само се грее, производство нема, а вработените се принудени месецот да го преживеат со минимална плата.

Од дописот што го пративме до вас и до бордот на ГСОЛ на 16.10.2023 и последната средба со вас минатата недела на 17.10.2023, уште чекаме одговори и уште чекаме средба со вас. Работниците се чуствуваат излажани и крајно револтирани и бараме нашиот труд веднаш да биде платен“, пишуваат од синдикалната организација.

Работниците неколку пати излегуваат на протест пред влезот на фабриката од каде апелираат печките да не се угасат и фабриката да не се затвори во време кога е поволна цената на рудата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ