петок, 1 март 2024

Синдикатите за 1 Мај на протести со најава дека ќе продолжат и по празникот

Објавено на

часот

Сподели

Протестот на ССМ ќе почне во 12 часот пред, а се организира поради неправдите кон работниците.

 „Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството“, порачува ССМ во повикот за учество на протестот.

Сите заедно, работници, синдикати, граѓани и синдикалци, истакнува Синдикатот, треба да застанеме и да покажеме единство и солидарност и да ги спречиме намерите и лошите владини политики.

Сведоци сме, потенцираат од ССМ, дека власта без срам и чувство за одговорност ги убедува работниците дека за пораст на платите треба да се почека и сето тоа да оди постепено и бавно, за сметка на енормното покачување од 78 проценти на нивните плати кое се реализираше  веднаш и за кое носителите на власта нема потреба да чекаат. Без срам и чувство на одговорност власта ќе направи робови од работниците во сопствената држава кои ќе работат 12 часа дневно само заради исполнување на нечии бизнис интереси, под превезот на национален интерес. Сите овие причини, дискриминаторскиот однос на власта немањето на слух за егзистенцијалните потреби на работниците резултираа  со  голем број штрајкови и протести  организирани од работниците и синдикатите, пред се од ССМ и синдикатите здружени во ССМ. 

И од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ)  најавуваат дека в понеделник, на Денот на трудот – 1 Мај ќе учествуваат и на протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од 10 часот, и на протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија од 12 часот. Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, денеска порача дека тоа го прават бидејќи сега не е време за поделби.

Ние не сакаме за Први мај да заземеме страна, да поддржиме еден синдикат или другиот на протестите, оставаме сите членови и граѓани да се приклучат секој доброволно каде што мисли согласно слободното време, рече Ристески, додавајќи дека тој лично ќе присуствува и на двата синикални протести.

Тој додаде дека овој пат нема да се дозволи да се потпише колективен договор каде што одреден број на работници ќе добиваат К-15, а одреден број нема да добие.

Ристески информираше и дека на последниот Економско-социјален совет, претставниците на синдикатите имале жестоки дебати со претставниците на Владата, потсетувајќи дека КСОМ бара методологијата за пресметка на плата во јавниот сектор да биде иста со функционерите.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, пак, порача дека КСОМ нема да  дозволи, како што рече, така лесно да помине и 60 работни часа да биде работното време на еден работник во иднина. 

КСОМ уште пожестоко ќе ги води работите се со цел заштита на правата на работниците. КСОМ овој пат крајно умерено меѓутоа со остра намера на Владата и порачува да не си играат со работниците, истакна тој.

На прашањето на што се должат поделбите меѓу синдикатите, Ристески одговори дека мислеле оти овој пат сите ќе бидат заедно и потенцираше дека ова е нивниот последен обид да се свати дека не е време за докажување и за правење паралелни протести.

Ние мораме да се обединиме. Гледате Владата и работодавачите како настапуваат жестоко. Тие веќе не бираат средства, тие се здружени, и мора ние да сфатиме да станеме сериозни бидејќи од другата страна имаме луѓе коишто немаат пардон, коишто сакаат да глумат и Влада и работодавачи и буквално ја превземаат и улогата на синдикат, истакна тој и додаде дека на Први мај ќе пратат апел до двата синдикати за да пробаат дали може да настапуваат заеднички.

На прашањето зошто се уште се чекаат протести за Први мај кога функционерите веќе  80 проценти ги покачија платите и дека освен изјави преку медиуми нема никаква реакција околу тоа, Ристески рече дека се уште се преговара за Општиот колективен договор кој не е потпишан.

„Преговараме за Законот за работни односи. Се надеваме дека Владата и работодавачите ќе сфатат сериозно и да го потпишеме колективниот договор. Тука е и методологијата за плата, значи го кажавме нашиот став – нема да попуштиме, бараме истата методологија како што ги покачија и тие платите, подвлече тој. 

Според ССМ, првомајскиот протест е единствен начин власта да го слушне гласот на сите, работниците и граѓаните, затоа што, како што стои во повикот, продолжува практиката карактеристична за изминатиот период, а тоа е дека нашите социјални партнери, работодавачите  и носителите на законодавната и извршната власт немаат слух за проблемите на работниците и народот туку единствено и исклучиво работат за своите интереси.

Поради таквиот однос протестите ќе продолжат со засилено темпо и по 1 Мај, најавува ССМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ