вторник, 22 октомври 2024

Син на израелски министер ултрадесничар навести дека Бајден има Алцхајмерова болест

Синот на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир предизвика бура реакции откако претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден го спореди со пациент кој има Алцхајмерова болест, сугерирајќи дека пати од когнитивно нарушување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шуваел Бен Гвир на социјалните мрежи објави фотографија на Бајден со порака „во овие тешки времиња важно е да се крене свеста за Алцхајмеровата дегенеративна мозочна болест која е најчестата причина на когнитивното нарушување и деменцијата“.

„Сериозна болест која влијае на функционирањето и способноста на личноста“, оцени синот на израелскиот министер, кој подоцна се извини.

Неговиот татко напиша дека тоа била „сериозна грешка“ и изрази „длабоко несогласување“.

„Соединетите Американски Држави се наш голем пријател и претседателот Бајден е пријател на Израел. Дури и ако не се согласувам со неговото однесување нема место за потценувачки однос. Се извинувам за зборовите на мојот син“, напиша Бен Гвир.

Неколку минути подоцна се извини и синот на израелскиот министер и објави фотографија на Бајден со зборовите: „Господине претседател, жал ми е!“

На објавите на социјалните мрежи и извинувањата им претходеше интервју на Бен Гвир во Волстрит џурнал во кое лидерот на ултра десната партија Еврејска сила остро го критикуваше односот на администрацијата на Бајден кон војната во Газа, обвинувајќи ја дека го користи Хамас и тврдејќи дека за Израел би било подобро американски претседател да е претходникот на Бајден Доналд Трамп.

Ова не е првпат Бен Гвир да ги критикува Бајден и САД. Тој неодамна изјави дека Израел не е уште една ѕвезда на американското знаме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ