сабота, 18 јануари 2025

Син ги тепал родителите во семејниот дом во Струмица

Вчера во 17.40 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 50-годишен маж од струмичко село, кој е осомничен за физички напад врз неговите родители. Според пријавата, истиот ден околу 16.00 часот, во неговиот семеен дом, напаѓачот нанесол телесни повреди на своите родители.

Објавено на

часот

Сподели

Откако случајот бил пријавен, осомниченото лице било приведено и задржано во полициската станица Струмица. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против лицето.

Истражни мерки се преземаат за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ