петок, 21 јуни 2024
Куп на Македонија

Симов: Имаме искуство, подготвени сме да го одбраниме куп трофејот

Објавено на

часот

Сподели

Тренерот на Македонија ЃП, ГОран Симов ветува дека неговите момци ќе дадат сѐ од себе за да го одбранат пехарот.

„Добар терен, добар противник, нѐ чека убаво време – сѐ е подготвено за убаво куп-финале. Во спортот секој сака да победи, но знаеме дека нема да бидел лесен меч, играме со шампионот и ќе биде тежок меч, но наше е да го дадеме максимумот и сѐ што ќе договориме и подготвиме да го испочитуваме за да дојдеме до пехарот. Јас се надевам дека ќе дојдам до втор пехар во Купот како тренер, надежта е тука, а и се знаеме добро со ривалот, нема некои големи тајни“, вели тренерот Горан Симов.

„Можда не сум многу искусен како тренер, само три години сум тренер, но како играч сум многу искусен и можам да се изборам со овој притисок. Овие играчи се искусни, имаме група од играчи помеѓу 25 и 35 години, тие истите минатата година се носеа со тој притисок и можеби сме во предност. За Македонија ЃП е ова петто финале, додека прво за Струга, чии играчи можеби имаат индивидуално доста мечеви и се искусни, но Македонија ЃП е поискусна како тим. Купот е нешто сосема поинакво, притисокот може е и поголем над нив. Наше е да дадеме максимум, да испочитуваме сѐ и на крај нека победи подобриот“.

Капитенот на Македонија ЃП, Филип Мишевски не смета дека искуството може да биде предност, но ветува дека ќе го дадат максимумот за да го освојат трофејот.

„Јас не се согласувам дека имаме повеќе финалиња и тоа е предност за нас, зашто ќе биде тешко, а трите нерешени сезонава се доказ дека ќе биде така. Ако Македонија ЃП има повеќе финалиња не е предност за нас, зашто Струга ТЛ имаат фудбалери со пет-шест финалиња во нозе. Но, ние ќе дадеме сѐ од себе за да остане пехарот во Ѓорче и не криеме – одиме на победа“, рече Мишевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ