„Салата на Македонската филхармонија се надевам ќе остане да биде исклучиво дом на нашиот најреномиран оркестар и музички амбасадор на Македонија. Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер, пред сé на врвовите на класичната музика, без правење преседан невиден во филхармониските институции во светот, секако со концертна отвореност за високи музички дострели какви што се и тие на нашите џез музичари“, истакнува Трпчевски.
Тој смета дека сместувањето на двата музички ансамбли како две национални установи во еден дом, под еден покрив е неприфатливо од причина што ќе создаде низа непријатности во административното работење и ќе се одрази врз конструктивноста, креативноста и продуктивноста и на двете национални установи.
Џез музиката заслужува адекватно, наменско и трајно решение каде овој квалитетен состав од врвни музичари и идните што ќе дојдат, ќе може да го дадат својот максимум во креативноста и изведбите. Создавањето на посебен простор за Националниот џез оркестар е решение е идеја поздравена и од едно од нашите најеминентни музички имиња.