петок, 27 декември 2024

Симнување ѕвезди на минус 10

Објавено на

часот

Сподели

Најубавите зимски отворени базени се привилегија само на луксузните зимски одморалишта. Но во некои од нив може да се ужива и ако не сте гостин на хотелот. Се разбира, тоа ќе ве чини повеќе од една добра вечера во добар ресторан. Ама вреди да се проба.

Отворениот базен на „Гштад палас” (Гштад) заедно со оној на „Бадрут Палас” (Сент Мориц) се најубави во Европа

Изграден во 1913 година, луксузниот хотел „Гштад палас“, во истоименото скијачко гратче Гштад, го има најубавиот зимски отворен базен во Швајцарија, од ноември до мај. Доцна навечер базенот се претвора во бина за танцување.

„Снежната птица” е мека на богатите туристи од целиот свет

Најубавото скијачко одморалиште се наоѓа, за жал, малку подалеку од Европа. Во Јута, САД. Станува збор за иконската т.н. снежна птица, односно за „Сноубрд ски ресорт“. Гордост на одморалиштето е базенот изграден во 1973, кој во доцните 80-ти е реновиран и проширен. Погледот на отворената околина е незаборавен. Базенот е отворен во текот на целата година, од 8 до 22 часот.

Според многумина, најубавиот зимски отворен базен на светот е оној во хотелот „Портило” во Чиле

Уникатен затоа што е издигнат на самата планина, околината не е луксузна, но природата е вознемирувачки убава. Во потполна тишина навечер во топлата вода може јасно да ги гледате ѕвездите. Скијачкото одморалиште „Портило“ е мошне изолирано, но затоа им е добро познат на оние што тука си го бараат мирот, а притоа имаат екстра пари за „купување“ спокојство. Многумина би кажале дека токму овој базен, кој се наоѓа во Чиле, е најспектакуларниот зимски отворен базен во светот. Веројатно имаат право.

„Снејк Ривер Лоџ енд Спа“ (Ваоминг)

„Снејк Ривер Лоџ енд Спа“ се наоѓа во Ваоминг. Освен спа-третмани, масажи, забави по скијање…, по кои ова одморалиште е славно, тоа скромно го рекламира својот базен, кој изгледа дека вреди повеќе од сè друго за релаксација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ