сабота, 27 април 2024
Real tribute

Симфониски концерт за Тина Тарнер на 1 јуни во Скопје 

Real tribute – Симфониски концерт на Тина Тарнер, екслузивниот концерт кој го има пропатувано речиси целиот свет, конечно и во Македонија на 1 јуни во Скопје. Рок симфонијата “Simply the best” посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена во Арена Борис Трајковски со повеќе од 40 луѓе на сцената.

Фото: MIA - ИМДБ

Објавено на

часот

Сподели

Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и уметница која остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува во генерациите кои доаѓаат. 
 
Присутните ќе имаат можност да уживаат слушајќи ги највлијателните и најпознатите хитови како што се „Proud Mary“, „What’s Love got to do with It“, „Simply the best“, „We don’t need another hero“ и многу други. Добро познатите балади ќе ги разнежнат сите присутни, а брзите ритми ќе ги подигнат сите на нозе.
 
Рок симфонијата е посветена токму на неа, а на истата ќе се изведуваат и песни од бендови како „Gun’s and roses“, „Deep purple“, „AC/DC“, како и познати дуети кои ја одбележаа светската кариера на Тина. На 1 јуни, публиката ќе има можност на еден поинаков начин да ја почувствува енергијата на легендарната Тина, една од најголемите рок пејачки на сите времиња.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ