четврток, 23 мај 2024

Симеонов: Хируршки резови за да се излечи здравствениот систем и да застане на свои нозе

Регионализација, укинување на партиципацијата за лекови од позитивната листа, укинување на партиципацијата за специјалистички и субспецијалистички прегледи, на болничката партиципација за пензионери, малолетни лица и за ранливите категории се клучните реформи што треба да се направат во македонскиот здравствен систем. Ова се согледувањата на детскиот хирург во приватното здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Симеонов, искажани во поткастот „Каде се парите?“.

Објавено на

часот

Сподели

„За да креирате здравствена политика треба да бидете дел од политички систем. А, како доктор сте дел од здравствен систем. За здравствена политика потребен ви е политички систем. Мене ме повикаа од партијата ВМРО-ДПМНЕ да го вложам својот интегритет, своето искуство, своето знаење да креираме еден функционален здравствен систем од кој што ќе имаат добробит и пациентите и здравствените работници“, вели Симеонов.

Тој додаде дека министерот за здравство треба да биде серозна личност, квалитетна личност, реализирана и професионално и приватно, и најбитно од сѐ на никого да не му должи ништо. Затоа што само таква личност може да има визија и идеја да формира нешто позитивно, нешто функционално“, појасни Симеонов.

Тој се согласува со тоа Македонија да има 5 регионални центри.

„Доктори и здравствени работници од Скопје ќе одат да работат во тие регионални центри. Каде пишува дека треба работното место да ти е преку улица. Тоа не е казнена експидиција, туку ќе се херои и ќе бидат соодветно наградени ако работат во регионалните центри. Тоа ќе се одвива по принцип на ротација. Сега е потребен принцип на потреби, а тој принцип на желби го урниса здравствениот систем во Македонија“, нагласи тој.

Симеонов 20 години минал во јавното здравство, смета дека се потребни сериозни хируршки резови за тој систем да се излечи и да застане на свои нозе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ