сабота, 27 јули 2024

Силно невреме ја зафати Србија, загина една жена

Една жена загина во силното невреме кое го зафати Сомбор на северот на Србија и околината, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Фото: Министерство за внатрешни работи на Србија

Објавено на

часот

Сподели

Според неговата изјава, жената настрадала кога стебло паднало на возилото со кое управувала, а од добиените повреди починала на лице место.

„Ги повикуваме граѓаните на максимална претпазливост по повод невремето во Србија, на кое предупредува Републичкиот хидрометеоролошки завод“, кажа Дачиќ.

Град, врнежи и силен ветер ја зафатија Србија од денес попладне, а српскиот хидрометеоролошки завод за делови од државата метео-алармот го крена на највисокиот црвено ниво.

Според објаснувањето на РХМЗ, црвениот метео-аларм означува временски услови кои можат да предизвикаат материјална штета и да бидат многу опасни по безбедноста на луѓето и животните.

Радиотелевизија Србија јави дека во повеќе градови низ Србија паѓал град со големина на лешник и орев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ