сабота, 21 септември 2024

Силно невреме го зафати Тетово, полплавени се улици, домови, гаражи

Невреме со силни врнежи од дожд,град и грмотевици попладнево ја зафати Општина Тетово и околината.Врнежите предизвикаа поплавуване на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово, информира вечерва Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Во улицата спроти касарната поплавени се гаражи, дворови, а сопствениците поставуваат заштита за водата да не им навлезе во домовите. Поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот во овој дел од градот“, соопштуваат од РЦУК-Тетово.

За невремето известени се и ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово.

„ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово веќе интервенираат со соодветна механизација- багери, но исто така веќе и ТППЕ-Тетово е на терен и врши испумпување на водата од поплавените објекти“, велат од РЦУК-Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ