недела, 22 септември 2024

Силни дождови и поплави во делот од Јапонија кој го погоди силен земјотрес: едно лице настрадало, седум се исчезнати (ВИДЕО)

Силни дождови во регионот Ното во централна Јапонија, кој сè уште се опоравува од големиот земјотрес на Нова година, денес однесоа најмалку еден живот, а издадени се налози за евакуација на десетина илјади лица, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Без струја останале повеќе од 6.000 домаќинства.

Седум лица, вклучувајќи четири кои работела на реконструкција од земјотресот, се исчезнати, додека повиците за спасување ја преплавиле пожарникарската служба, јави јавната телевизија НХК.

Објавените снимки прикажуваат кафеава надојдена вода која ги претвора улиците во реки во Ваџима, а автомобилите се речиси потопени.

Еичи Хигаши, жител на Ваџима кој се засолнил во центар за евакуација во тој град, кажал за НХК дека луѓето се собираат во објектот како што се приближувала ноќта.

„Тешко е да се гледаат луѓе кои живеат во привремени засолништа откако ги изгубиле своите сили во земјотресот како сега доаѓаат во уште едно засолниште поради дождот“, кажа Хигаши.

Во регионот се испратени војници за да работат во спасувачките мисии заедно со полицајците и пожарникарите.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени по Рихтер загинаа повеќе од 300 луѓе во јапонскиот регион Ното.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ