сабота, 27 јули 2024

Силна сончева бура ја бомбардира Земјата

Објавено на

часот

Сподели

Најголемата експлозија на соларна радијација во последните шест години стигна до Земјата. Научниците јавија дека сончевата бура ја удрила нашата планета со високоенергетски атомски честички околу 2 часот попладне по Гринич и се заканува со можни дефекти на комуникациските сателити и струјните мрежи.

Најголемиот удар се случил во регионот на Северниот пол.

Поларните зони имаат многу мала заштита против експлозии на сончева радијација поради структурата на Земјиното магнетно поле. Голем број авиокомпании ги избегнуваат поларните рути поради опасноста протонската бура да ги попречи високофреквентните радиокомуникации, изјави физичарот Даг Бисекер од Центарот за вселенска метеорологија во интервју за порталот Гизмодо.

Се предвидува дека соларната радијација ќе им попречи и на високопрецизните ГПС-уреди. За нас, цивилите, сето ова ќе биде речиси незабележливо.

Ниту функционирањето на Меѓународната вселенска станица не е засегнато. При прогнозирањето на сончевата бура, екипажот на станицата изјави дека нема потреба да се преземаат дополнителни мерки за заштита од радијацијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ