петок, 26 јули 2024

Силна експлозија во Санкт Петербург (ВИДЕО)

Две згради во рускиот Санкт Петербург беа оштетени, а жителите се евакуирани во саботата по силна експлозија што ги разнесе прозорците, додека во Одеса две лица загинаа, а осум се повредени откако руско беспилотно летало удри во станбен блок во украинското пристаниште на југот на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов изјави дека „инцидентот“ се случил во североисточната населба Красногвардејски и дека нема жртви, но жителите се евакуирани. Тој не ја прецизираше причината или природата на инцидентот. Жителите велат дека прво слушнале необичен звук, а потоа експлозија, по што избувнал пожар.

Руските медиуми пишуваат дека е можно да се работи за соборен украински дрон чија цел било блиско складиште за гориво.

Властите во Одеса, јужна Украина, известија дека две лица загинале, осум се ранети, а шест се водат како исчезнати кога руски дрон удрил во станбена зграда.

„Русија продолжува да се бори против цивилите. Еден од непријателските дронови погоди станбена зграда во Одеса. Уништени се 18 станови“, рече претседателот Володимир Зеленски и објави на Телеграм видео од уништувањето и спасувачите кои ги пребаруваат урнатините.

Зеленски рече дека станува збор за беспилотно летало Шахед од иранско производство. Шахед 136 или ХЕСА Шахед 136, познат и по руската ознака Геран-2, е иранско автономно камиказе беспилотно летало кое се користи од 2021 година. Иран ја снабдува Русија во изобилство со овие беспилотни летала, кои се стрелаат во серии, по пет најмногу, од еден лансирен носач.

Гувернерот на Одеса Олех Кипер изјави дека во моментов се работи на расчистување на урнатините и дека еден човек е извлечен жив. Сè уште се трага по шест лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ