сабота, 27 јули 2024

Силна експлозија во фабрика за експлозиви во централна Русија, најмалку шест мртви

Објавено на

часот

Сподели

Како што е објавено на каналот Рибар на Телеграм, на кој главно пишуваат руски воени блогери, силната експлозија ја затресла најголемата руска фабрика за индустриски експлозиви. Станува збор за фабриката Промсинтез во Чапаевск во регионот Самара.

Според информациите на итните служби, шест лица загинале, а две се ранети.

„Експлозијата се случила за време на размонтирање на опрема при поправка во работилницата на фабриката Промсинтез во Чапаевск. Осум лица беа повредени, од кои шест починаа“, кажал извор за државната агенција РИА Новости.

Не се знае дали експлозијата е поврзана со војната во Украина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ