петок, 26 јули 2024

Сиљановска во Рим се сретна со претставници на македонската дијаспора

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за време на престојот во Рим, оствари средба со претставници на македонската дијаспора и на италијанско-македонската стопанска комора, Апи нордес.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, соговорниците ја запознаа претседателката со нивните тековни активности и вклученоста на дијаспората во севкупните општествено-економски процеси во Италија. Мунир Шемси, успешен бизнисмен и претседател на Апи нордес, ја информираше Сиљановска за заложбите на комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај.

„Сиљановска Давкова изрази благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу македонската и италијанската република. Таа ја нагласи важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство. Во таа насока ја потенцираше и потребата од почитување на нивните согледувања на состојбите во нашето општество, имајќи ги предвид децениските искуства и демократски вредности стекнати во државите во коишто живеат и работат“, соопшти кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ