сабота, 27 јули 2024

Сиљановска и Мицкоски со пораки за брзо закрепнување на словачкиот премиер Фицо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова попладнево остварила телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш при што била изразена загриженост за здравствената состојба на премиерот на Словачка Роберт Фицо и неговото семејство.

Објавено на

часот

Сподели

Од кабинетот на Сиљановска Давкова ја потврдуваат информацијата според која во разговорот со словачкиот амбасадор била изразена надеж за брзо закрепнување на Фицо и искрена поддршка за Словачка и граѓаните на оваа пријателска земја.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најстрого го осуди атентатот врз словачкиот премиер, кој моментално се бори за живот откако најмалку три куршуми завршија во градите и стомакот.

„Силно го осудувам ужасниот обид за атентат врз премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо. Ваквите акти на насилство се напад врз демократските вредности што ги негуваме и никогаш не смеат да бидат толерирани. Додека премиерот Фицо и неговото семејство минуваат низ ова тешко време, тие се во нашите мисли и молитви. Ние се солидаризираме со оние што се залагаат за принципите на редот и законот и повикуваме на брза, темелна истрага за да се изведат сторителите пред лицето на правдата“, напиша Мицкоски на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ