сабота, 27 јули 2024

Сиљановска-Давкова утре се сели во вилата Водно, претходно ќе даде свечена изјава во Собранието

Новоизбраната претседателка на државата Гордана Сиљановска-Давкова утре напладне ќе даде свечена изјава на инаугуративна седница во Собранието, согласно член 81 став 9 од Уставот на Република Македонија по што и официјално ќе го започне петгодишниот претседателски мандат.

Објавено на

часот

Сподели

Седницата е закажана откако Државната изборна комисија  (ДИК) денеска на седница објави конечност на резултатите за Претседателските избори, одржани на 24 април и 8 мај, и го достави извештајот до Парламентот.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски и го врачи Уверението на Сиљановска-Давкова  за избран Претседател на Република Македонија, и во име на Комисијата и посака успешен мандат.

„Уверението секогаш претходи на прогласувањето што ќе се случи утре во Собранието за изборот за претседател на државата. Формална круна или формално финале на изборите“, изјави за МИА Сиљановска-Давкова по примањето на Уверението од ДИК.

Свечената изјава таа утре ќе ја даде пред пратениците од стариот собраниски состав, по што ќе почне да тече нејзиниот петгодишен претседателски мандат. Претседателската функција ќе ја преземе од Стево Пендаровски, кому мандатот му истекува утре.

Универзитетската професорка Гордана Сиљановска-Давкова ќе биде шестиот претседател на државата и прва жена избрана на оваа позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ