сабота, 27 јули 2024

Силјановска Давкова: Според документите на ЕУ, прашањето за билатералните односи со Бугарија не смее да биде дел од преговарачката рамка

 

Објавено на

часот

Сподели

„Програмата е основ за постапување, што значи постапка ќе почне одново. Јас би можела да зборувам само доколку одлучам или доколку станам претседателка, па јас да предлагам измени, инаку би било тоа кршење на начелото на поделба на власта, бидејќи во актуелниот пример предлагач на амандманите беше Владата“, рече таа.

Тезата дека преговарачката рамка е прифатена од сите и тука нема никакви измени не држи и го видовте тоа со примерот со Србија и со Косово, појасни Силјановска Давкова.

„Прашањето е во интерпретацијата што е можно. Денес едно од најактуелните прашања во ЕУ е опасноста од ветото и да се стави крај на ветото, кога се работи за политиката на проширување“, укажа таа.

Таа посочи дека според основните документи на ЕУ, не смее прашањето билатералните односи со Бугарија да биде дел од преговарачката рамка.

„Не смее разликата во поглед на ставовите да биде основ за посегање по вето“, нагласи таа.

Силјановска Давкова појасни дека наједноставното сценарио за образот на ЕУ, како заедница втемелена на вредности, би било она кое што е врзано за оние скромни услови, во смисла на приближување на Бугарија и Македонија, бидејќи тоа е суштината на членот 8 од Лисабонскиот договор, каде што се вели дека ЕУ ќе поттикнува договори меѓу членките на ЕУ и соседите врз реципрочна основа, во смисла на чекор напред од Бугарија. Бугарија има судија во Судот во Стразбур, Бугарија е потписник на Конвенцијата, истото и ЕУ, значи сигурно дека за неа исто така важат пресудите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ