вторник, 4 март 2025

Сиљановска Давкова смета дека не е лошо Димитиреска Кочоска да се извини

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова за навредите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Собранието деновиве кон пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, рече дека не е лошо некогаш човек и да се извини.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката смета дека сите политичари, како и пратениците треба да внимаваат на говорот.

„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера-тоа мислам дека ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, изјави Сиљановска-Давкова.

Инаку, за трошоците за живот, настана дебата околу одредени намирници, по што Кочоска ја праша Петровска врз основа на што ги става во уста мајките и како знае колку троши едно семејство, кога нема деца. Кочоска нагласи дека е мажена и дека има два сина. По ова од СДСМ, бараше Кочоска да се извини, но таа тоа не го стори и побара сличајот да се затвори.  Подоцна Кочоска праша кој треба да се извини, дали тоа треба да се го направи жена која макотрпно се борела да ги роди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ