вторник, 25 јуни 2024

Сиљановска Давкова на средбата со украинската амбасадорка ја осуди руската агресија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Украина во Лариса Дир на која ја нагласила нејзината заложба за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, реафирмирајќи ја поддршката за Украина против руската агресија, со која се поткопува европската глобална безбедност и стабилност. Претседателката на Македонија денеска го прими и австрискиот амбасадор.

Објавено на

часот

Сподели

„Двете соговорнички разменија мислења и за стратешките определби и перспективите на двете земји, истакнувајќи ја потребата од натамошна заемна помош, споделување искуства и експертиза. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи македонската поддршка за Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО.

Амбасадорката Дир, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова ѝ посака успешно извршување на функцијата“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката на Македонија.

Денеска претседателката на Македонија го прими и австрискиот амбасадор Maртин Памер кој ѝ честиташе за нејзиниот избор на функцијата.

„Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста на австриската поддршка за македонските аспирации за членство во Европската Унија. Таа посочи на очекувањето за непречено продолжување на евроинтегративниот пат, преку праведно евалуирање на пристапувањето, врз основа на Копенхашките критериуми.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста да придонесе во обезбедувањето на национален консензус за забрзување на реформската агенда во сите критични области посочени во извештаите на Европската комисија“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката на Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ