„Срдечни честитки по повод изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави и многу успех во извршувањето на одговорната функција“, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.
Таа нагласува дека Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.
„Уверена сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели“, истакна Сиљановска Давкова.