Сиљановска Давкова истакна и дека и доаѓа на памет да позајми некои од присутните граѓани на митингот за да го охрабри противкандидатот Стево Пендаровски.
„Да, јас имав политичка интуиција и скромно реков дека на 24 април ќе се случи политички земјотрес, и се случи. Значи јас и жените бевме политички сеизмолози. Политичката вулканологија ми кажува дека на 8 мај очекувам политички вулкан. Ако резултатот во првиот круг со спортски речник беше 2:1, и замислете уште имаат идеализам дека на волшебен начин нешто во паузата, меѓу двата натпревари ќе се случи тогаш логично е , бидејќи логично е опозицијата да размислува логички, на 8 мај резултатот да биде барем 3:1. Зошто 3:1? Еве зошто“, рече Давкова покажувајќи кон народот присутен на вечерашниот митинг во Куманово.