сабота, 27 јули 2024
Претседателски избори 2024

Сиљановска Давкова: Мора да почне тешката битка со мафијата вгнездена во државата

„Сите држави имаат своја мафија, ама во Македонија има опасност мафијата да има своја држава! Битката со мафијата мора да биде бескомпромисна, многу е тешка, но мора да почне, оти криминалот и корупцијата се системски. А, ликови што наликуваат на оние од мафијата се вгнездени на највисоките позиции и тие со чинење или со нечинење, со гледање и помагање се исто така соучесници“, истакна претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова на вечерашниот митинг во Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

„На почетокот од 2000 година, Роберт Хајслоп ќе рече: ‘Сите држави имаат мафија, ама на Балканот има опасност мафиите да имаат свои држави’. Сега кога ги гледам состојбите со корупцијата и криминалот, барам некаков излез, читам дека во Италија на времето донеле еден закон против мафијата и сега го препорачуваат. И да, она што всушност е дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е дека битката со мафијата мора да биде бескомпромисна, дека битка со мафијата е многу тешка, но мора да почне оти криминалот и корупцијата се системски“, рече Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека изборите на 24 април доаѓаат како предигра бидејќи тогаш работите ќе се разјаснат, а целосно ќе се расчистат на 8 мај.

„Мислам дека на 8 мај ќе биде запечатена една тешка и грда фаза од владеењето и ќе започне една нова реформска фаза. За тоа навистина се потребни умни, чесни и посветени луѓе. Луѓе кои државните и национални интереси ќе ги стават пред било кои други. Луѓе кои како одважни и достоинствени, ќе бараат од големите и средните држави, па и од ЕУ и сите држави внатре, заслужена почит. Луѓе кои ќе бараат и ние да итаме во исполнувањето на Копенхагенските критериуми. Да не се занимаваме и да го губиме времето на докажување дека сме тие што сме. Да барате од некого да докаже дека е човек, дека е жена, дека е Македонец е непристојно“, порача Сиљановска Давкова на митингот во Аеродром.

Таа се осврна и на денешниот митинг на СДСМ и нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски пред ЕУ инфо центарот во Скопје.

„Денеска чув дека одржале митинг пред Европската комисија, зградата, веројатно не случајно, се прашувам дали е можеби тоа протест против европската политика или можеби молат да останат на власт со нивна поддршка заборавајќи дека нам сертификати не може да ни даваат. Сиот респект кон ЕУ, НАТО и САД, но за онаа чудна бујарова идеја денеска на дебата го прашав: ‘да не имате вие намера, за претседател се кандидирате или се кандидирате за генерален секретар на НАТO?’ Сертификатот ние го бараме од граѓаните и ќе го добиеме од нив, ама за вас не сум сигурна“, рече Давкова, додавајќи оти претставувањето како европски претседател е непозната функција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ