сабота, 27 јули 2024

Сиљановска Давкова: Мислам дека е последен момент да си ја вратиме гордоста

Исплашени се пред овие избори. Не верувајте им на зборовите, туку само на делата, рече кандидатката за претседател на државата, Гордана Сиљановска Давкова, на митинг на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Кавадарци, нагласувајќи дека ќе прави нешта, што не ги правел досегашниот претседател. Меѓу другото, доближување до граѓаните преку народни канцеларии.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

На митингот, Сиљановска Давкова говореше за проблемите во повеќе области.

„Затоа мислам дека е последен момент да сториме нешто за да си ја вратиме гордоста, а имаме ние многу нешта што можат да не прават горди, рече таа, истакнувајќи дека досегашната власт, мора да си замине. Никогаш не сме биле поразединети“, подвлече Силјановска Давкова.

Таа зборуваше и за заштитата на животната средина, тоа, што, како што рече, најмногу ја засега.

Во рамките на кампањата за претседател на државата, во својот говор на предизборниот митинг во Неготино, кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова, се спротивстави на мислата на филозофот Хегел, кој смета дека секој народ ја заслужува својата власт. Според неа, Хегел не е во право, затоа што Македонците заслужуваат подобар претседател и премиер од тие што сега ги водат.

„Оваа држава е далеку од правна држава, државата ни е партиска! Мислам дека вие не ја заслужувате оваа власт, тоа треба да се смени и по овие претседателски избори ветувам дека ќе го сторам она што го очекувате од мене. Секој ден ќе ви докажувам дека мојот легитимитет извира од вас, а не од некој друг, рече таа.

Таа нагласи дека сега постојат две држави во една, две собранија, два премиера. – И за тоа вината е и кај шефот на државата. Негова улога е да обединува и да помирува, да гради единство меѓу власта и опозоцијата, меѓу мажите и жените, меѓу лицата со попреченост и другите,  нагласи таа.

Според Сиљановска Давкова, сликата за Македонија во светот ја даваат државните претставници „и затоа сме држава што не ужива углед во светот“.

„Се плашам кога сегашните државни претставници се среќаваат со странци и се прашувам што ли ќе кажат, дали ќе стојат на ставот. Одат со еден став, се враќаат со друг став, а потоа воопшто немаат никаков став и затоа не заслужуваат почит. Граѓанките и граѓаните на Неготино не заслужуваат ваква власт“, изјави Сиљановска Давкова во Неготино.

Според неа, сликата за државата е сликата на претседателот, премиерот, спикерот, амбасадорите, претседателката на врховниот или уставниот суд.

„Претседателот има директна одговорност за лошата слика за земјата во светот, затоа што тој ги потпишува указите за амбасадорите. Претседателот има одговорност за правосудството затоа што таму предлага членови на Судскиот совет. За уставниот суд каде исто така предлага членови, исто така има вина, затоа што нашиот највисок суд не е познат како бранител на човекови права и слободи“, порача Сиљановска Давкова од Неготино.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ