сабота, 27 јули 2024
По ауденцијата кај папата Франциско

Сиљановска Давкова и Радев не се сретнаа, агендите биле различни

Како што веќе објавивме, претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска во Ватикан имаше ауденција кај папата Франциско, а ауденција имаше и претседателот на Бугарија, Румен Радев. До средба на претседателите на двете држави не дојде, како што посочи Сиљановска-Давкова, поради „неусогласување на агендите“. Претседателката додаде: „Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агенда, меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме“.

Објавено на

часот

Сподели

За средбата со папата Франциско, претседателката изјави дека е постигната усогласеност околу актуелните проблеми.

„Околу поддршката на земјава кон Европската унија, поддршката на папата на Западен Балкан и рековме дека по 30 години од соработката, успесите се очигледни. Потврдивме дека посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само за малото стадо на кое му порача да не се плаши, туку за сите религии и дека сме пример за релиогиозен дијалог кој ќе продолжи, како и дека Ватикан верува во нашата сила“, им изјави Сиљановска – Давкова на новинарите.

Во рамки на посетата на Рим и Ватикан во чест на одбележувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, по аудиенцијата кај папата Франциско имаше средба и со државниот секретар на Светиот престол, монсињор Пјетро Паролин, на којашто била изразена цврста подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во духот на меѓусебното разбирање и заедничките вредности.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ