вторник, 22 октомври 2024

Сиљановска Давкова: ГШ на АРМ ќе одлучува за учество на војската во гаснење на пожарите

По вчерашната одлука на Владата за продолжување на кризната состојба во земјава претседателката на Македонија најави ангажман на војската во гаснењето на пожарите под раководство на Генералштабот на Армијата.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно Законот за управување со кризи, претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката.

Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот, информираат од кабинетот на претседателката на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ