„Ако се познава денот по утрото, а мислам на вчерашното утро, тогаш дојде нешто што јас на последниот ден од митингот го нареков – дојде време, дојде час да си замине оваа власт. Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат и знаат да си го искористат избирачкото право. Ако победам, а мислам дека сигурно ќе влезам во вториот изборен круг, сметам дека она што го видов од вчерашните резултати е добар граѓански показател“, изјави Сиљановска Давкова.
Таа им посака успех на сите, но додаде дека системот е чуден и дека сме ретка земја во која во вториот круг на претседателските избори има изборен праг од дури 40 отсто во парламентарен систем.
„Мислам дека на следните избори треба да ја примениме препораката на Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР за отстранување на изборниот праг од 40 отсто во вториот изборен круг. Тоа е праг што бара не само преговори и разговори, туку овозможува уцени и пазари, а јас сум против пазарна политика“, порача Сиљановска-Давкова.