понеделник, 20 мај 2024

Сиљановска-Давкова доби честитка од претседателот на Албанија Бајрам Бегај

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај  ѝ го честиташе изборот на Гордана Сиљановска-Давкова за претседател на Македонија, која е прва жена на чело на државата, јави Ора њуз.

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на својот профил на платформата Х изразува верба во натамошното зајакнување на односите меѓу двете земји.

„Честитки, Гордана Сиљановска-Давкова, првата жена избрана  за претседател на Република Северна Македонија. Убеден сум дека заедно дополнително ќе ги зајакнеме традиционално многу добрите односи меѓу нашите пријателски земји, како земји членки во НАТО и идни членки во ЕУ, за што Албанците во РСМ остануваат целосно ангажирани“, напиша Бегај во објавата на платформата Х.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ