„Унапредувањето на регионалната соработка со цел справување со предизвиците, како и напредокот на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан, се од круцијално значење за стабилноста и просперитетот на регионот“ оценија Силјановска-Давова и Цвијановиќ.
Според соопштението на кабинетот на претседателката Силјановска-Давкова, таа ја изрази македонската поддршка за европските и евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина, како и нашата подготвеност за размена на искуства со БиХ
На средбата беше изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемна поддршка и почит, при што беше изразен интерес за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и продлабочување на билатералната соработка во сите сфери, пред сè на економски план.
Стана збор и за минатонеделните поплави во Босна и Херцеговина, при што претседателката Силјановска-Давкова изрази сочувство до семејствата на настраданите и посака брзо закрепнување на повредените.