Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, 173 километри југозападно од Скопје, на територија на Албанија. Земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.