петок, 26 јули 2024

Силен топлински бран во Мексико, од дрвјата паѓаат мртви мајмуни (ВИДЕО)

За време на силен топлински бран и суша, последниве неколку недели од дрвјата во југоисточните тропски шуми на Мексико паѓаат мртви загрозените мајмуни рикачи.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Локалните медиуми јавуваат дека во државата Табаско, каде што температурите оваа недела би можеле да надминат 45 Целзиусови степени, биле пронајдени дури 85 мртви мајмуни. Државната агенција за цивилна заштита преку соопштение изминатиот викенд наведе дека животните угинале поради дехидрација.

Волонтерите во шумата надвор од Камалкалко ги собирале труповите на мртвите животни, а потоа поставиле кофи со вода и овошје во областа за да им го олеснат на мајмуните пристапот до вода и храна, пишува Си-ен-ен.

„Тоа е поради екстремно високите температури. Често ги посетував тие области и никогаш порано не сум почувствувал ваква топлина. Значи, да, мораме да се грижиме за животните“, рече во понеделникот мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, роден во Табаско.

Мексико веќе со недели се бори со високи и смртоносни температури. Министерството за здравство извести дека од горештините веќе починале 26 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ