понеделник, 21 октомври 2024

Силен тајфун ја погоди Јапонија: „Една од најсилните бури досега во регионот“ (ВИДЕО)

Југозападна Јапонија утринава беше погодена од силен дожд и многу силен ветер додека тајфунот Шаншан стигна до копното во префектурата Кагошима, прекинувајќи ја струјата во повеќе од четвртина милион домаќинства и повредувајќи десетици луѓе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тајфунот, категоризиран како „силен“, со удари на ветер до 60 метри во секунда (216 км/ч), пристигна утринава во близина на градот Сатсумасендаи, кој се наоѓа на југозападниот остров Кјушу, објави метеоролошката агенција.

Властите предупредија дека бурата може да биде една од најсилните што некогаш го погодила регионот, а локалните власти издадоа наредби за евакуација на милиони жители во неколку префектури.

Едно лице се води како исчезнато, а 39 се повредени во префектурите Кагошима и Мијазаки, јави телевизијата НХК. Снимката на НХК покажува скршени ѕидови и стаклени прозорци на згради во Мијазаки.

Повеќе од 250.000 домаќинства во седум префектури беа без струја до 9 часот по локално време во четвртокот, според Кјушу Електрик Пауер.

Откако ќе го погоди Кјушу во текот на следните неколку дена, невремето се очекува да се приближи до централните и источните региони, вклучувајќи го и главниот град Токио, околу викендот, соопшти метеоролошката агенција. Големите производители на автомобили, вклучувајќи ги Тојота и Нисан, ја прекинаа работата во речиси сите домашни фабрики поради невремето.

Авиокомпаниите, вклучително и АНА Холдингс и Џапан ерлајнс, веќе најавија откажување на повеќе од 600 домашни летови. Возниот сообраќај е прекинат во многу области на Кјушу.

Тајфунот Шаншан е најновиот суров временски систем што ја погоди Јапонија по тајфунот Ампил, кој исто така предизвика прекин на електричната енергија и евакуација на почетокот на овој месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ