четврток, 30 мај 2024

Сијарто: Важно е да зајакнат гласовите што поддржуваат што поскор мир во Украина

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска во разговор со својот кинески колега Ванг Ји рече дека за време на сериозни безбедносни предизвици во светот и војната во Украина, важно е „да зајакнат гласовите на оние што поддржуваат што поскор мир“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Таборот што ја поддржува војната е исклучително гласен бидејќи го поддржуваат светските медиуми и невладините организации, но мораме да бидеме погласни кога го поддржуваме мирот“, рече Сијарто, пренесува унгарската МТИ.

Тој оцени дека сегашните времиња, повеќе од кога било, го нагласуваат поголемото значење на билатералните односи меѓу Кина и Унгарија, кои годинава слават 75 години дипломатски односи.

Тој додаде дека се надева оти Будимпешта може да продолжи да се потпира на „кинеската посветеност за обезбедување мир“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ