петок, 26 јули 2024

Сијарто: Унгарија шокирана од изјавите за испраќање западни трупи во Украина

Унгарија е шокирана од изјавите за испраќање западни трупи во Украина, за можна употреба на нуклеарно оружје или дури и за воведување на задолжителен воен рок во Европа, изјави денеска во Минск унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференцијата на која присуствуваше со неговиот белоруски колега Сергеј Алејник, Сијарто рече дека двете земји секојдневно се соочуваат со „драматични последици“ од војната во Украина, се вели во соопштението на унгарското Министерство за надворешни работи.

Тој посочи дека војната нема воено решение, додавајќи дека „на бојното поле има само смрт и уништување“. Но, „се додека сме во владата во Унгарија, нема да дозволиме ниту еден Унгарец да биде одведен на украинско-рускиот фронт… ние цврсто протестираме против воведувањето на задолжителна воена служба во Европа“, рече тој.

„Патот кон мирот започнува со прекин на огнот, а потоа следат мировни преговори“, рече тој и побара од Белорусија „да направи сè за да се осигура дека војната, страдањето и бесмислените убиства ќе завршат во Украина и дека сите ќе можеме повторно да живееме во мир во регионот“.

Повторното појавување на блокови во светот претставува „сериозен долгорочен ризик“, рече Сијарто, додавајќи дека тоа е против интересите на Унгарија.

„Сакаме светот да преземе чекори кон поврзување и меѓународна соработка… сметаме дека ни се потребни што е можно помалку санкции и што е можно повеќе соработка“, нагласи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ