петок, 20 септември 2024

Сијарто: Унгарија нема да поддржи Косово да биде примено во Советот на Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто изјави дека Будимпешта нема да поддржи членство на Косово во Советот на Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сијарто кажа дека ставот на Унгарија во врска со членството на Косово во Советот на Европа е јасен од претходно и дека таа земја сака мир, стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан.

„Навиваме за успех на дијалогот на Белград и Приштина, но сметаме дека на тој дијалог не придонесува тоа што Косово се кандидира за членство во меѓународните организации. Унгарија нема да поддржи Косово да биде примено во Советот на Европа“, кажа Сијарто, а пренесува Танјуг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ