петок, 27 декември 2024

Сијарто: Унгарија нема да гласа за ембарго на руската нафта

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е против нашите национални интереси, без разлика дали се затвора транзитот на нафта или гас. Тоа го поткопува единството на Европската Унија и безбедноста на Европа. Унгарците и Србите ќе обезбедат непречен транзит на енергенси. Сакам да ве уверам дека Унгарија нема да гласа за ембарго за увоз на руска нафта, кое е предложено во Брисел“, рече Сијарто по средбата со српскиот министер за финансии Синиша Мали.

Унгарскиот министер рече дека ЕУ прво треба да даде решение за унгарскиот проблем и дека дури потоа би можеле да разговараат за можни санкции. „Затоа очекуваме ваква одлука да биде донесена во Брисел оваа недела“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ