Тој посочи дека меѓу новите случувања во американската изборна трка најважно е што Трамп е „светилник на надеж за мир во светот“, пренесува МТИ.
Во соопштението на министерството, Сијарто оцени дека војната на руско-украинскиот фронт е „сè побрутална“ и дека само надворешен актер може да ги доведе завојуваните страни на преговарачка маса, давајќи им до знаење дека „на бојното поле не може да се најде ниедно решение“.
„Шанса за тоа има само Доналд Трамп“, изјави Сијарто.
Тој додаде дека се надева оти републиканскиот претседателски кандидат што е можно поскоро ќе ја искористи оваа шанса за мир.