сабота, 27 јули 2024

Сијарто: Не е на Зеленски да одлучува дали однесувањето на Унгарија е соодветно

Објавено на

часот

Сподели

Сијарто се осврна на неодамнешната изјава на претседателот Володимир Зеленски, кој рече дека „однесувањето на Унгарија е несоодветно за членка на НАТО“.

Во интервју за фински, шведски, дански и норвешки медиуми, Зеленски рече: „Тоа е многу чудна ситуација, може ли членка на НАТО да биде за Русија, а против НАТО?“

„За среќа, не е на него да одлучува за тоа“, смета Сијарто, пренесе унгарската новинска агенција МТИ.

Унгарците платија исклучително висока цена за војната во Украина, изјави шефот на унгарската дипломатија. Во војната загинаа бројни Унгарци, членови на унгарската заедница во Закарпатија, напиша тој на Фејсбук.

„Ако украинскиот претседател сака да ѝ се заблагодари на Унгарија што прими и се грижи за повеќе од милион бегалци од Украина и за постојаната помош што ја испраќаме, тогаш тие ќе можат да сметаат на нас во иднина“, напиша Сијарто.

Во наведеното интервју Зеленски праша дали членка на НАТО може да поддржува земја која Алијансата ја нарекува непријател, пишува украинскиот портал Рубрика.

„Верувам дека тоа е несоодветно однесување. Ова е мое субјективно мислење. Да се ​​биде сојузник не е само збор, тоа има и значење. Тоа е сојуз на држави кои делат ставови за безбедноста, за вредностите“, рече Зеленски.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се спротивстави на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој при посетата на Киев изјави дека на Украина ѝ е место во НАТО.

„Ако сте де јуре сојузник, а де факто работите против тоа, не треба да оценувате дали Украина треба да влезе во НАТО или не. И не треба да ставате пречки на тој пат“, рече Зеленски.

Зеленски во разговорот потврди и дека се подготвува украинска контраофанзива и изрази уверување дека ќе биде успешна. Тој нагласи дека исходот ќе зависи од самата Украина, како и од помошта на нејзините западни сојузници.

Тој посочи дека конфликтот во Украина може да трае со децении и дека би било мудро другите нации да ѝ помогнат на Украина сега, бидејќи тоа е попрофитабилно од ескалација на ризикот до трета светска војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ