понеделник, 20 мај 2024

Сијарто: НАТО е во заблуда, Украина никогаш нема да ја победи Русија

НАТО верува дека, ако на Украина ѝ биде дадено повеќе оружје, ќе може да победи, но невозможно е да се победи нуклеарна сила во таква ситуација, оцени унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Новиот предлог на НАТО е заснован на фактот дека војната мора да продолжи сè додека Украина не победи. И Британија и НАТО крајот на војната го поврзуваат со воен резултат кој е апсолутно нереален, можноста за негово спроведување е исклучително мала, дури и непостоечка“, кажа Сијарто.

Тој додаде дека конфликтот нема можно решение на бојното поле.

„Украина нема да може да ја добие оваа војна… Речиси е невозможно да се победи нуклеарна сила во ваков вид конфликт“, оцени шефот на унгарската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ