недела, 20 октомври 2024

Сијарто: Мирот е невозможен поради испорачувањето оружје на Киев

Сијарто рече дека главен приоритет е ставањето крај на странските испораки на оружје за Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто повика на замрзнување на западната воена помош за Украина, велејќи дека огромниот прилив на оружје – како и неспремноста на Киев да преговара – го прават мирот невозможен.

На прашањето што треба да се направи за да се постигне прекин на огнот во Украина во интервју за австрискиот информативен сајт Експрес, Сијарто рече дека прекинот на странските испораки на оружје за Киев е главен приоритет.

„Колку повеќе оружје се испорачува, толку подолго трае војната. А колку подолго трае војната, толку повеќе луѓе ќе гинат“, продолжи министерот. „Очигледно е дека досега сработеното не е успешно. Беше испорачано многу оружје, но војната e само продолжена. На Украина ѝ се исплатени многу пари, но уништувањето на Украина продолжува.#

На тезата дека руските војници „ќе маршираат до Киев“ во случај Украина да остане „без одбрана“, дипломатот рече дека тоа може да се избегне само преку преговори и обновен мировен процес.

„Ова треба да се спречи така што сега ќе ја завршиме војната. Сѐ додека тоа не се случи, војната се заканува дополнително да се интензивира и повеќе луѓе ризикуваат да умрат. „Војната требаше да заврши вчера“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ