сабота, 27 јули 2024

Сијарто: Ја поддржуваме соработката меѓу Истокот и Западот

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека тоа не е став на Унгарија затоа што таа е шпион или нечиј пријател, туку затоа што е свесна за сопствените национални интереси и за националното искуство, пренесува агенцијата МТИ.

Сијарто наведе дека Унгарија е добар пример како една земја може да има корист од цивилизираната соработка меѓу Истокот и Западот „заснована на меѓусебно почитување и меѓусебна доверба, која има цел заемна корист”.

„Унгарија успеа да стане важно место за средби на инвеститори од Истокот и од Западот зашто никогаш не ги дискриминирала инвеститорите врз основа на нивната националност”, рече тој.

Шефот на унгарската дипломатија на Економскиот форум ЕУ–Централна Азија рече дека Европа се соочува со огромни економски предизвици, што самото по себе потврдува дека унгарската соработка со Централна Азија е важна. Тој додаде дека војната во Украина претставува закана за нормалното функционирање на светската економија, поради што Унгарија се залага за што побрза обнова на мирот и ја цени позицијата што ја зазедоа земјите на Централна Азија против воената реторика.

Тој повика на сеопфатна спогодба за слободна трговија меѓу Европската Унија и земјите на Централна Азија со цел да се зголеми конкурентноста. Меѓутоа, како што истакна тој, светот тргна кон формирање блокови.

„Тоа е најлошата можна вест за Централна Европа”, рече Сијарто, додавајќи дека историјата покажала дека тој регион секогаш губел во судирите меѓу Истокот и Западот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ